Почетна Honda EU Honda News Honda Access Honda Jet
Контакт
Финансирање
 
ACCORD
 
    HONDA Accord - Инфо
 

Дали некогаш сте сонувале сон од кој не сте сакале да се разбудите? Ние сонувавме неколку и ги претворивме во стварност. Резултатот е Honda Accord: спортска и агресивна како никогаш до сега, открива уште поголема сила и квалитети, а над се нуди исклучителна сигурност.

Honda Accord е јапонски автомобил кој ке Ве освои на прв поглед. Представува синоним за квалитет, верност и сигурност. Поради наведените факти Honda Accord стана еден од најпродаваните автомобили во Европа, а импресивните перформанси со сигурност ке ги задоволат и оние најпребирливите. Остварената перфекција е плод на долгогодишната работа и истражување, што резултираше со најдобрата аеродинамика во класата од се на се 0.26cW.

Највисокиот степен на квалитет и дизајн се продолжува и во внатрешноста на Honda Accord. Најголема удобност гарантира новиот потпирач на лубланиот дел од телото, кој заедно со спортските профилирани делови од седиштата осигурува подобро наслонување на грбот и колковите. Двозонската клима, темпомат, DVD сателитска навигација со препознавање на гласот и со 7 – инчен Touch Screen, CD менувач за 6 CD-а интегриран во контролната табла*, дрвени облоги и кожни седишта со врвен дизајн*, се само дел од богатата опрема што го прави Honda Accord лесно прилагодлив на сите Ваши потреби.

Honda Accord го има се она што одсекогаш сте го сакале од еден автомобил. 2.0 литарски i-VTEC агрегат со 156 KS има најголем момент на забрзување од 192 Nm при 4.300 вртежи во минута и просечна потрошувачка од само 7.2 литри на 100км. Со 2.4 литарскиот агрегат со 201 KS и максимален момент на забрзување од 234 Nm возењето станува посебно доживување. 2.2 литаркиот i-CTDi агрегат со 19 соборени рекорди нуди сила од 150 KS и со неверојатни 350 Nm момент на забрзување постави нови стандарди помеѓу дизел агрегатите.

2.0 литарскиот агрегат со 156 KS е опремен со 6 степенски мануелен менувач кој менува брзини многу лесно.

2.4 литарскиот агрегат со 201 KS е опремен со 6 степенски мануелен менувач, и се одликува со сила и спортско уживање во возењето, а Ви се нуди и секвенцијален степенски Grade Logic автоматски менувач со 5 брзини со чија помош лесно го прилагодувате својот стил на возење. 2.2 литарскиот агрегат со 150 KS е опремен со 6 степенски рачен менувач кој се одликува со извонредно тивка работа за тоа моќно забрзување.

Како и на секоја Honda така и тука признаваме извонредeн квалитет од првиот проект до финалната изведба. Од поединечните компоненти до најголемиот елемент на каросеријата мора да ги задоволат строгите стандарди за квалитет. Тоа објаснува зошто Honda Accord ни нуди перфектно чувство на сигурност и зрелост без разлика каде се наоѓа. Тешко дека ќе доживеете попрецизно и посигурно однесување во возењето. Претерано ветување? Шесте титули за конструкција една по друга во Формула 1 зборуваат сами за себе.

Honda Accord представува автомобил за секоја прилика, без разлика дали сакате со семејството да отидете на одмор, или морате да одите на деловен пат или едноставно сакате да одите во shopping – Accord сето тоа ви го овозможува со голем стил и удобност. Honda Accord представува хармонија измеѓу надворешниот изглед, технологијата и силата. Таа е продукт на нашите желби да направиме перфектен автомобил.

*за модел Executive

горе Горе

 
За моделот
Галерија
Слики
Бои
Карактеристики
Опрема и цени
Каталози
 

Кликнете за поголем приказ
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
Copyright ©2008 Makpetrol
All rights reserved

Почетна За нас Мотори Контакт Мапа на сајтот